Русија ќе вложи 20 милијарди евра во автомобилската индустрија

Руската влада денеска го соопшти планот за инвестиции во автомобилската индустрија. Според планот Русија во наредниве десет години ќе вложи околу 20 милијарди евра во оваа индустрија за да стане важен играч во светската автомобилска индустрија.