Папандреу утре ќе се сретне со Меркел

Грција од Германија бара политичка поддршка а не финансиска помош.Ова денска го изјави грчкиот премиер Јоргос Папандреу за германските медиуми пред утрешната средба со канцеларката Ангела Меркел. Папандреу смета дека Грција треба да добие кредити со камата која важи за останатите земји затоа што, како што вели, Грција не би можела да ги исполни до крај новите заострени економски мерки со лихварски камати.