Бачелет: Најмалку 3 години ќе му треба на Чиле да заздрави

Претседателката на Чиле, Мишел Бачелет изјави денеска дека надминувањето уништувањето на земјата од минатонеделниот земјотрес ќе трае 3 до 4 години. Повеќе од 800 луѓе загинаа од земјотресите. Предизвиканата штета се проценува на над 30 милијарди евра. Бачелет додаде дека земјата ќе има потреба од меѓународен кредит за обнова на земјата.