Во Германија ќе бидат изречени пресуди против 4 исламски милитанти

Во Германија денеска треба да биде изречена пресуда против против четири исламски милитанти за заговор за напади против американски и други цели во Германија. Обвинетите - двајца германци конвертирани во Ислам, еден германски граѓанин од турско потекло и еден турски државјанин беа уапесни во 2007 година. Тие признаа дека планирале напади. Нивната цел, според Обвинителите, била да ја казнат Германија затоа што испрати војници во Авганистан.