Српско - албанска „Интернет војна“

Српски хакери синоќа ја нападнаа веб страницата на албанскиот претседател Бамир Топи, јави МИА од Тирана.
Покрај поставените српски симболи на сајтот било напишано и: „Решивме да Ве погодиме таму каде што најмногу ве боли. Така треба да биде. Да, Косово е Србија“.
Завчера цел на хакерски упади беше и веб страницата на шефот на српската држава Борис Тадиќ, кој уследи по нападот врз интернет сајтот на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу од претходниот ден од страна на српски хакери.