Палестинецот кој бил израелски шпион не се плаши од заканите

Поранешниот израелски шпион, Палестинецот Мосаб Јусеф, кој им помогна на израелските безбедносни сили да уапсат и убијат членови на исламската милитантна група Хамас изјави дека не се плаши да умре и дека ќе зборува за нивната бруталност дури и ако биде убиен поради тоа. Мемоарите на Јосеф беа издадени неделава во кои тој ја опишува десетгодишната соработка со израелската безбедносна служба Шин Бет.