Прогноза за времето- променливо, попладне дожд

Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Утринската температура се движи од два до седум, а дневната ќе биде од шест до 11 степени. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до девет степени.