Талибанците „се залагаат“ за слобода на говорот

Талибанците денеска ја осудија авганистанската забрана за медиумско покривање во живо на нападите од милитантите. Во соопштението од талибанците е наведено дека забраната преставува повреда на слободата на говорот. Авганистанската влада оваа забрана ја донесе минатата недела со обрзаложение дека медиумско јавување во живо од местото на талибанските напади може да им даде важни информации на милитантите. Во продолжение на соопштението стои дека ваквата забрана на авганистанската владата претставува „кршење на основниот принцип за слобода на говор“. Исламистичкото движење забрани телевизија, филмови и објавување на слики додека владеше со Авганистан до 2001.