ЕУ и САД сложни за новите санкции за Иран

Соединетите Америкаснки Држави и Европската унија соопштија дека новата рунда на санкции можеби се и единствениот одговор на последните одлуки на Иран за контроверзната нуклерана програма. Ставот на Европската Унија и Соединетите Американски Држави е дека Иран го прекршил договорот со Меѓународната агенција за атомска енергија и не ги почитувал обврските што произлегуваат од тој договор. Европската Унија, на денешниот состанок на агенцијата во Виена, побара јасен одговор од Иран за нуклеарната програма. На состанокот, Европската унија ја подржа новата рунда на санкции против Иран. Вашингтон смета дека нема друг излез освен да се зголемат санкциите за Иран.