Уапсени пакистански полицајци за јавно тепање на осомничени

Пакистанските власти денеска уапсија шеф на полиција и четворица полициски официри откако во јавноста се појави видео на кое се гледа како полицаец јавно тепа осомничени додека другите полицајци ги држат жртвите на нишан. Видеото снимено со мобилен телефон неколку пати било прикажувано на локалните медиуми.Полицијата во соопштението наведе дека овие полициски официри ќе бидат отпуштени.