Нова економска стратегија „Европа 2020“

Евопската комисија соопшти дека главните двигатели за економски растеж во стратегијата „Европа 2020“ се потикнување на иновации, образование, информатичко општество, потоа поефикасно користење на производството и зголемување на конкурентноста, зголемено учество во пазарот на трудот и борба против сиромаштијата. Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека светската економска криза ги изнесе на површина проблемите и нестабилните тенденции и со оваа стратегија економијата на Европската Унија повторно ќе се насочи во правилна насока.