Ќе биде ли ослободен Ејуп Ганиќ?


Во судот во Лондон денеска ќе биде одржано рочиште во врска со пуштањето на слобода на поранешниот член на претседателството на Босна и Херцеговина Ејуп Ганиќ, со кауција од 200 илјади фунти. Босанското обвинителство најави дека до правосудните органи во Велика Британија ќе упати барање за израчување на Ганиќ, кој има дипломатски пасош. Ејуп Ганиќ беше уапсен во Лондон поради потерница од Србија, каде што против него е покренато обвинение за злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина.