Папандреу - Не сме виновни за кризата, но ја превземаме одговорноста

Грчката влада денеска ќе соопшти нов пакет мерки за надминување на буџетската криза. Премиерот Јоргос Папандреу предупреди дека Грција се соочува со банкрот доколку не превземе радикални екстра мерки за средување на финансиите, оценувајки дека земјата е како во воена ситуација. Иако не сме одговорни за трагедијата со која се соочува Грција, ние сме решени да ја превземеме одговорноста, без оглед на политичката цена, изјави Папандреу. Новите мерки веројатно ќе вклучуваат натамошно намалување на платите на јавната администрација, замрзнување на пензиите и зголемување на даноците. Првиот пакет мерки за штедење предизвика масовни штрајкови во Грција.