Во Чиле продолжува акцијата за доставување помош


Владата на Чиле вети дека ќе ги зголеми напорите за помош на преживеаните од силниот земјотрес. Во акцијата за доставување храна се вклучени и хеликоптери и бродови, а дополнителни војници се испратени во градот Консепсион, поради кражбите и инцидентите. Во земјотресот што го погоди Чиле во саботата загинаа околу 800 луѓе.