Најмногу млади луѓе умираат во сообраќајни несреќи

Сообраќајните несреќи се главна причина за смртта на млади луѓе меѓу 5 и 29 години, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Во глобалниот извештај се наведува дека секоја година во светот во вакви инциденти гинат милион и 200 илјади луѓе, а околу 50 милиони се повредуваат. Повеќе од 90 насто од сообраќајките со смртен исход се случуваат во земјите во развој, а во некои сиромашни држави 80 проценти од загинатите не користеле автомобил, се вели во извештајот на СЗО, кој се базира врз податоци од 2008 година.