Во Узбекистан жени присилно се стерилизираат

Независни групи за човекови права во Узбекистан денеска соопштија дека властите им наредиле на докторите да извршат стерилизација врз десетици илјади жени во земјата. Експертската работна група го обвини министертвото за здравство дека активно обучува здравствени работници за хируршко стерилизирање на жени во Узбекистан како дел од владината кампања за намалување на наталитетот. Една од групите за човекови права објави неколку случаи во кои жени во породилни болници биле стерилизирани без нивна согласност, пренесуваат новинските агенции.