Фуере: Големиот број азиланти е загрижувачки

Евроамбасадорот Ерван Фуере како загрижувачка ја оцени состојбата со големиот број азиланти од Липковско во Белгија. ,,Ги цениме заложбите на Министерството за внатрешни работи, но треба да се вложат дополнителни напори за да се спречат туристичките агенции да ја злоупотребуваат довербата на луѓето и да им нудат патувања во земјите на ЕУ, бидејќи тоа е во спротивност со духот на визната либерализација, изјави евроамбасадорот Фуере. Вицепремиерот задолжен за европски парашања Васко Наумовски апелираше граѓаните да се воздржат од таквите патувања бидејќи, како што рече, шансите за добивање азил на македонските граѓани во некоја земја членка на ЕУ се еднакви на нула. Фуере и Наумовски денеска во Скопје потпишаа спогодба со која Македонија и официјално може да ги користи средствата од ИПАРД фондовите на ЕУ.