Јемен: 8 загинати во експлозија

Во денешната експлозија во едно складиште на динамит во Јемен загинале најмалку осуммина луѓе, а неколку други биле повредени. Складиштето било сместено во подрумот на една трикатна зграда во градот Таез.