Потребна е ЕУ иницијатива за спорот со името

Претседателот на Германско македонското друштво Валтер Колбо смета дека за решавање на спорот за името е потребна иницијатива од шпанското претседателство на Европската унија и поголема поддршка од Германија. ,,Нема никакво поместување во ставот на Унијата во однос на спорот за името и поддршката за Македонија. Бундестагот во 2004 ја поддржа Македонија во однос на името. Но, Владата малку презема и натаму да ја поддржи Македонија, изјави Колбо за Дојче Веле. По неговите неодамнешни неформални средби во Скопје со претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски, тој вели оти премиерот јасно кажал дека не бил задоволен од позицијата на Германија по разговорите на шефовите на дипломатиите Антонио Милошоски и Гвидо Вестервеле во Берлин.