Шефот на ЕУЛЕКС во Белград

Шефот на ЕУЛЕКС Ив де Кермабон денеска треба да допaтува во Белград каде што ќе разговара со министерот за Косово и Метохија Богдановиќ во врска со повторното функционирање на Окружниот суд во северниот дел на Митровица. Српските медиуми потсетуваат дека до оваа посета доаѓа по минатонеделниот престој на минситерката за надворешни работи на Европската унија Кетрин Ештон на Белград.