Ејуп Ганиќ упасен во Лондон

Поранешниот член на претседателството на БиХ Ејуп Ганиќ е приведен во Лондон, врз основа на потерница од Србија, соопштува британската полиција. Британските власти ги побараа сите документи од Србија пред да одлучат дали Ганиќ ќе биде екстрадиран.
Српската полиција, на почетокот на 2009 година, распиша потерница по 19 луѓе од БиХ, меѓу кои се членовите на Претседателството за време на војната - Ејуп Ганиќ и Стјепан Кљуиќ, поради нападот врз конвој на ЈНА во Сараево.
Според податоците на Центарот за јавна безбедност на источно Сараево, во нападите на 2 и 3 мај 1992 година се убиени 42, ранети се 73 припадници на ЈНА, додека 215 од нив се заробени.