Одложено востоличувањето на српскиот патријарх во Косово

Востоличувањето на новиот српски патријарх Иринеј, што требаше да се одржи во Косово во април е одложено. Српската православна црква соопшти дека одложувањето е поради немањето време, потребно да се организира таква церемонија.
Првиот дел од церемонијата на востоличување се одржа во Белград, но вториот дел традиционално се одржува во Пеќ.