Армијата заведува ред во постземјотресно Чиле

Илјадници чилеански војници се распоредени во вториот по големина град во земјата, Консепсион, за да заведат ред, по масовните грабежи што уследија по разорниот земјотрес.
Вчера, полицијата уапси 160 луѓе што го прекршиле полицискиот час.
Во земјотресот загинаа повеќе од 700 луѓе, но властите стравуваат дека бројот на жртви може да биде поголем.