Медведев: „Паметни санкции“ против Иран

Рускиот претседател Дмитри Медведев рече дека Русија ќе го разгледа воведувањето на, како што рече, паметни санкции против Иран, ако дипломатските напори што треба да го натераат Иран да се откаже од нуклеарната програма не вродат со плод.
На заедничката прес-конференција со неговиот француски колега Николас Саркози, Медведев рече дека се надева дека санкциите може да бидат избегнати. Ако дипломатските напори не дадат резултат, рече тој, евентуалните нови санкции од ОН треба да бидат „паметни“ и да не ги таргетираат иранските цивили.
Медведев е во тридневна официјална посета на Франција.