Македонија од утре ќе може да ги користи парите од ИПАРД

Македонија од утре официјaлно ќе може да ги користи парите од ИПАРД фондовите, пренесува новинската агенција МИА. Еврокомесарот Ерван Фуере и вицепремиерот Васко Наумовски утре ќе потпишат договор за користење на пари од програмата на Европската Унија за пристапна помош.Според договорот европските 45 милиони евра и македонските 15 милиони евра ќе треба да се потрошат во рок од три години. Тие пари се наменети за инвестирање во земјоделието, за реконструирање и надградба на веќе постоечките земјоделски стопанства , но не и за формирање на нови. Парите треба да бидат вложени во лозарство, овоштарство, градинарство и одгледување на добиток за производство на млеко и месо по европски стандарди.