Во бомбашки напад во јужен Авганистан загинаа 4 цивили

Авганистанската полиција соопшти дека најмалку 4 цивили загинаа во самоубиствен бомбашки напад чија цел беше конвој на НАТО во јужниот дел на земјата. Нападот бил извршен со камион полн со експлозив на патот меѓу Кандахар и Спин Болдак погранична област со Пакистан. Во соседната провинција Хелманд во тек е голема офанзива на меѓународните и авганистанските сили против талибанците.