Невреме во западна Европа, десетици загинати

Француското министерство за внатрешни работи соопшти дека билансот на жртвите од невремето кое предизвика поплави во западна Франција достигна 50 лица. Претседателот Никола Саркози денеска планира да ги посети најзагрозените региони. Според податоците на француската влада, 900 000 луѓе останале без струја. Во невремето кое зафати делови и од Шпанија и Португалија загинаа 4 лица а во Германија починаа две лица.