Убиен Африканец пред да влезе во Израел

Египетските граничари денеска убиле еден африкански емигрант и уапсиле уште 16-мина кои сакале нелегално да ја поминат границата и да влезат во Израел известува новинските агенции. Многу африкански имигранти секоја година се обидуваат нелегално да влезат во Израел и таму да бараат политички азил или некаква работа. Египетските граничари во последниве две години убиле неколку десетици африкански имигранти што предизвика критика од борците за човекови права, известуваат агенциите.