Уапсен еден од лидерите на ЕТА

Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека е уапсен лидерот на Баскиското сепаратистичко движење ЕТА во северниот дел на Франција. Лидерот заедно со уште двајца водачи на Баскиците се уапсени во француско – шпанска полициска акција, се вели во соопштението. Шпанските безбедносни сили веруваат дека организацијата ЕТА која бара независнот на баскиската област е виновна за убиства на 800-тини луѓе.