Невремето во Франција уби најмалку 14 лица

Француските медиуми јавуваат дека најмалку 14 луѓе загинале во силното невреме што ја зафати Франција вчера вечерта. Илјадници домови останале без електрична енергија и многу куќи се уништени во западниот дел на земјата од силните ветрови со брзина од 150 километри на час. Новинските агенции јавуваат дека досега ова е најстрашната бура што ја зафати Франција во последниве 10-тина години. Во последното невреме во 1999 година загинаа 92 лица.