Над 100 земјотреси во Чиле за 24 часа

Најмалку 100-тина земјотреси го подија Чиле во последниве 24 часа. Првиот и најак земјотрес е тој од вчера со јачина од 8,8 степени по Рихтеровата скала додека останатите биле со јачина од 4 до речиси 7 степени. За сега бројот на загинати достигна до 300 луѓе но чилеанските власти стравуваат од зголемување на бројот затоа што се уште стотици луѓе се заглавени под урнатините. Министертвото за внатрешни работи соопшти дека разурнати се околу 1,5 милиони домови, куќи и згради. Разурнати се мостови и патишта, делови од Чиле се без електрична енергија, а во други делови пак комуникациските врски се во прекин. Чиле се справува и со проблеми со снабдување со вода.