Најмалку 300 луѓе загинале во Чиле

Чилеанските власти соопштија дека досега над 300 луѓе загинале од првиот земјотрес со јачина од 8,8 степени по Рихтеровата скала. Претседателот на Чиле соопшти дека околу 2 милиони луѓе се засегнати од земјотресите што ги зафати Јужна Америка. Цунами брановите од Тихиот Океан предизвикани од земјотресот стигнале и до бреговите на Јапонија и Русија. Илјадници луѓе биле евакуирани од крајбрежните области на Хаваи, Јапонија и Русија пренесуваат агенциите.