Нов земјотрес во Чиле со јачина од 6,9 степени по Рихтер

Над 120 луѓе загинаа од серијата земјотреси што го зафатија Чиле, но се стравува дека овој број не е конечен.Првиот земјотрес утринава беше со јачина од 8,8 степени додека последниот е со јачина од 6,9 степени по Рихтерова скала.Чилеанските медиуми јавуват дека околу 20 згради се целосно разрушени во градота Консепсион, главните патишта се распукани и срушени се многу мостови.