Цунами го погоди крајбрежјето на Чиле

Најмалку 11 крајбрежни градови во Чиле се погодени од Цунами бранови. Најмногу е погоден градот Талкахуано каде водените бранови достигнале висина од 2,4 метри. Ова го соопшти Пацифичкиот Центар за предупредување од Цунами. Во нивното соопштение се вели дека причина за овие водени бранови е земјотресот со јачина од 8, 8 степени по Рихтер што го погоди Чиле. Властите во Чиле соопштија дека до сега загинале околу 90 луѓе. Во последниве 10-тина часа Чиле го погодија 30-тина земјотреси, дел од нив со јачина од 6 степени по Рихеровата скала.