Јанукович во понеделник во посета на Брисел

Новиот украински претседател Виктор Јанукович во понеделник ќе го посети Брисел, каде што ќе разговара со највисоките претставници на Европската Унија. Одлуката на Јанукович, неговата прва посета како претседател да биде Брисел, се толкува како негов обид да докаже дека не е про-руски оријентиран. По Брисел, на 5-ти март, е предвиено Јанукович да ја посети и Москва.