Силен земјотрес во Чиле, има настрадани и материјални штети

Силен земјотрес го погодил Чиле, во кој, според првичните информации, најмалку 16 луѓе загинале. Според американската геолошка служба, земјотресот бил со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот на 100 километри од градот Консепсион, втор по големина, по главниот град Сантијаго. Телефонските линии биле во прекин поради што е тешко да се утврдат последиците. Агенциите јавуваат дека оштетени згради има и во Сантијаго, кој е 300 километри од епицентарот. Издадено е предупредување за можно цунами во Чиле, но и во Перу и Еквадор.