Планирана офанзива против талибанците во Кандахар

Американските сили планираат нова масовна офанзива против талибанците во јужниот авганистански град Кандахар, соопшти американски претставник. Актуелната офанзива против талибанците во Марџах, исто така на југот на Авганистан, била само тактички вовед во многу помасовна офанзива, што ќе уследи подоцна во Кандахар, кој е втор по големина град во Авганистан.