Обама, Меркел и Браун разговараа за кризата во Грција

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу соопшти дека планира средби со германскиот канцелар Ангела Меркел и со американскиот претседател Барак Обама во рамките на напорите за надминување на економската криза во Грција, поради која е разнишана и стабилноста на еврото. На 5-ти март Папандреу ќе замине за Берлин, а на 9-ти за Вашингтон. Кризата во Грција вчера била тема на телефонски разговор меѓу Обама, Меркел и британскиот премиер Гордон Браун.