Повиците за џихад против Швајцарија неприфатливи

Обединетите нации и Европската унија го критикуваа повикот на либискиот лидер Моамер Ел Гадафи за џихад против Швајцарија, поради неодамнешната забрана за изградба на минариња во таа земја. Според оценките, станува збор за неприфатлива и несреќна изјава за еден шеф на држава. Либија ги влоши односите со Швајцарија во јули 2008 година, кога синот на Гадафи и неговата сопруга за кратко време беа приведени во Женева откако две домашни помошнички се пожалиле дека ги малтретираат.