Москва има сериозни прашања за ракетниот штит

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва има сериозни прашања во врска со целите на новиот американски план за ракетна одбрана во Европа. Портпаролот Андреј Нестеренко оцени дека станува збор за избрзан антиракетен аранжман во Европа и оти европската безбедносна архитектура станува заложник на еднострани имагинарни ракетни закани. Овој негов коментар, според агенциите, е најострата критика откако Романија соопшти дека ќе одржи разговори со Вашингтон за стационирање американски ракетни пресретнувачи, а Бугарија изрази интерес за учество во американскиот ракетен штит.