Се очекува стабилизација на нивото на Охридско езеро

Нивото на водата во Охридското езеро денеска бележи зголемување од еден сантиметар во однос на вчерашниот ден и е на плус 21 сантиметар од горната утврдена граница, јави МИА.
Состојбата во охридско-струшкиот регион, според проценката на Центарот за управување со кризи, е стабилна и нема дополнително влошување. Нивото на реките Сатеска и Коселска, кои се влеваат во езерото е во опаѓање, па оттука денеска се очекува стабилизирање на водата во Охридското езеро, а од утре и тенденција на опаѓање на нивото.