Меѓу жртвите од нападите во Кабул има и странци

Најмалку 16 луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во денешната серија координирани напади во Кабул. Меѓу жртвите има тројца полицајци и неколку странци. Цел на нападите со автомобил бомба биле хотел и две приватни куќи за гости во центарот на главниот град на Авганистан. Полицијата убила двајца напаѓачи. Талибанците ја презедоа одговорноста за овој напад во авганистанскиот главен град од 18 јануари, кога милитантите нападнаа владини објекти.