Белгискиот премиер загрижен од имигрантите од Македонија и Србија

Од воведувањето на визната либерализација за Македонија и Србија, Белгија се соочува со зголемен број имигранти од двете земји, кои говорат албански јазик, изјави белгискиот премиер Ив Летерм. Според Летерм, стотици државјани на Македонија и Србија со автобуси пристигнале во Белгија, надевајќи се дека ќе добијат стаутус на бегалци.
Само на 22 февруари 256 Македонци и Срби побараа азил во Белгија, нагласи Летерем, додавајќи дека слична појава е забележана и во Франција. Белгискиот премиер додаде дека поради имигрантскиот бран Белгија се соочува со огромни материјални трошоци, посебно затоа што бегалските кампови во земјата се преполни.