Србија и Црна Гора си ја префрлаат вината за бегството на наркодилер

Официјални претставници на Србија и Црна Гора се сретнаа денеска за да го решат проблемот со бегството на еден од најголемите нарко дилери, Дарко Шариќ. Шариќ е обвинет за обид да прошверцува речиси 3 тона кокаин од Јужна Америка преку Балканот во Европа. Тој е во бегство од минатата година. Србија и Црна Гора си ја префрлаат вината за неговото бегство една на друга и се обвинуваат меѓусебно дека се земји кои што ги штитат криминалците.