Ахмадинеџат: Сирија и Иран се во добри односи

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат изјави дека односите меѓу неговата земја и Сирија се добри и покрај барањата на Вашингтон, Дамаск да се одалечи од Техеран.На конференцијата по нивната средба сирискиот претседател, Башар Ал Асад изјави дека е изненаден од барањето на американската државната секретарка, Хилари Клинтон, Сирија да се дистанцира од исламистичката република.