Во Марџах се вее авганистанско знаме

Авганистанското знаме од денеска се вее во градот Марџах, во авганистанската провинција Хелманд. На церемонијата присуствуваа британски и авганистански офицери, како и неколку стотици жители на градот. Околу две недели траеше операцијата на силите на НАТО и на авганистанската армија против талибанците во Марџах.