Обвинети уште 8 турски офицери, кризата се продлабочува

Турскиот суд денеска обвини уште 8-мина воени офицери за заговор против Владата. За планирање воен удар во 2003-та година досега се обвинети 20 офицери, што доведе до тензии меѓу турската влада и армијата, која е заштитник на секуларната традиција во Турција. За денеска се предвидени разговори на претседателот Абдула Ѓул со премиерот Реџеп Таип Ердоган и со шефот на армијата Илкер Басбуг.