Претседателот на Тојота се извинил за дефектите на автомобилите

Претседателот на Тојота, Акио Тојода, пред пратениците во Соединетите држави , се извинил за дефектите на автомобилете кои доведоа до многу сообраќајни несреќи .Во меѓувреме, Владата на Јапонија ги истражува извештаите за проблемите со забрзувањето во возилата на Тојота. Министерот за транспорт, изјавил дека владата ќе изврши преглед на 38 случаи во Јапонија, кои се случиле во изминатите три години. Тој изјавил дека истрагата ќе се фокусира на Тојота, но исто така ќе бидат вклучени и други произведувачи на автомобили.