Над 300 деца се убиени во Авганистан мината година

Обединетите нации соопштуваат дека лани во Авганистан загинале 346 деца. Специјалниот претставник за деца на ОН, Радика Кумарасвами вели дека силите на НАТО се одговорни за смртта на 153 деца. Од нив 131 дете загинало во воздушни напади, а 22 деца се убиени во ноќните рации. Кумаратсвами денеска во Кабул се сретна со Командантот на меѓународните сили во Авганистан, генерал Стенли Мекристал. Тој и ветил дека ќе соработува со ОН за да обезбеди подобра заштита за децата. Талибанците наводно убиле 128 деца. Нема информација кој е виновен за смртта на преостанатите.