Германскиот дефицит за малку поголем од дозволениот во ЕУ

Германскиот завод за статистика соопшти дека дефицитот за 2009-та изнесувал 3,3 проценти што е поголем од дозволениот дефицит за земјите членки на Европската Унија.за време на економската криза дефицитот на Германија изнесува речиси 80 милијарди евра. Германските медиуми известуваат дека дефицитот сеуште се движи во „прифатливи граници“. Новинските агенции јауваат дека се очекува тој годинава да порасне до 5,5 проценти поради смалените даночни приходи.